Асистентот на Талант Душебаев во Келце, Криштоф Лијевски за денешниот натпревар против Барселона во рамките од Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим може да се надева на победа.
Домашниот терен ќе биде мотив плус за ракометарите на Келце по вторпат да ја шокираат моќната Барселона, која е актуелен европски шампион. Келце во претходното коло успеа да ја совлада Барселона на гостински терен со резултат 32:30. Со остварениот триумф против Барселона, екипата на Келце го презеде лидерското место во Групата Б.
„Играјќи дома, секогаш можеме да размислуваме за победа, без разлика кој ќе дојде кај нас. Сега тоа ќе биде актуелниот европски првак. Задачата воопшто нема да биде лесна. Ние имаме потенцијал рамноправно да се бориме со сите. Барселона не е навикната да губи два натпревари по ред во Лигата на шампионите. Им го расипавме јубилејниот 500-ти натпревар во европското натпреварување. На овој натпревар треба да играме посмирено бидејќи Барселона може многу брзо да ја заврши работата искористувајќи ја секоја наша грешка“, изјави Лијевски за „emkielce“.
Натпреварот помеѓу Келце и Барселона ќе се одигра денес со почеток од 18:45 часот.