Некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ, по две години заминува од клупата на романската Констанца.
Србинот по заминувањето од Битола се врати во Романија, каде што претходно исто така ја водеше Констанца, а сега патиштата повторно им се разделуваат.
Романскиот клуб објави кратка информација за разделбата со Чирковиќ без конкретни информации, но најавено е негово враќање во татковината.
Чирковиќ имаше успех во првиот мандат со Констанца и ја врати во романската елита, додека во вториот мандат и донесе трофеј во Супер Купот по триумфот над Динамо Букурешт.