Францускиот кружен напаѓач Жереми Тото, по само една сезона заминува од македонскиот шампион Вардар.
Од летото 2022 година, па во следните три сезони, Тото ќе ги брани боите на францускиот Нант, каде што ќе биде замена за Драган Печмалбек, кој замина во Веспрем.
Тото изјави дека е среќен што оди во Нант, клуб со најдобра публика во Франција.
„Многу сум среќен што потпишав за Нант, клуб кој совршено се вклопува со моите вредности и мојот темперамент. Тоа е амбициозен клуб и веќе се прослави на меѓународната сцена. Јас сум човек на услуга на тимот и ќе дадам сè од себе за да ги постигнам целите што ќе ги постави клубот. Нант ја има најдобра публика во Франција. Непроценливо е да се игра пред толку страсни навивачи, па затоа избрав да потпишам за Нант“, изјави Тото.
Франнцускиот пивот претходно беше дел од Кретеј и полската Висла Плоцк со која стигна до завршницата на Лигата на Европа.
Тото oдби плата од 10.000 евра и потпиша тригодишен договор со Нант