Тимот на Еурофарм Пелистер 2 продолжува со пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во Супер лигата.
Младите битолчани гостуваа кај грчкиот ПАОК во Солун и иако му пружија силен отпор, на крајот загубија со 28-26.
Момците на Бранислав Ангеловски го освоија третото место на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп минатиот викенд, а сега одиграа уште еден меч, a Кристијан Симоноски беше избран за најдобар стрелец на турнирот.
Битолчани ова лето ги засилија редовите со млади македонски ракометари – Марко Трајков, Марин Крстевски, Божидар Илиески, Кристијан Симоноски, Давид Димевски, Александар Стојков, Лука Ѓеоргиевски, а во стручниот штаб на Ангеловски дојдоа Филип Ивановски, Фарук Мемиќ и Реваз Чантурија.























