Тото oдби плата од 10.000 евра и потпиша тригодишен договор со Нант

Пивотот на Вардар, кој летово пристигна во Скопје од Висла Плоцк, Французинот Жереми Тото ќе го напушти таборот на „црвено-црните“ на крајот од оваа сезона што значи дека нема да биде активирана втората година од договорот.

Тото има договор 1+1 со Вардар, а најавите се дека тој се враќа во својата земја каде што веќе се има договорено со тимот на Нант. Во овој тим би требало да игра во следните три години и ќе биде големо засилување за екипата за која настапува и Кирил Лазаров.

Се очекуваше Тото да биде дел од Вардар и во следната сезона, но плановите се изменија. Понудата од Нант ги смени плановите, па Тото нема да биде дел од Вардар и во следната сезона. На адреса на Тото беше испратена понуда и од Бундес лигата од тимот на Гепинген во кој имаше плата од 10.000 евра, но тој одлучи да се врати во Франција.

Жереми Тото е главниот дефанзивец сезонава во редовите на Вардар. Тој беше донесен на барање на Веселин Вујовиќ и го потврди својот квалитет. Се работи за еден од најборбените играчи, а помага и во нападот.

Нант го сака Тото како замена за репрезентативецот на Србија, Драган Печмалбек кој потпиша за тимот на Веспрем.