Прволигашкото дерби меѓу Алкалоид и Голден Арт заврши реми, 25-25 и двете екипи мораа да се задоволат со бод. Гостите беа подобри во првиот, домашните во вториот дел, па можеби реми е реален исход.
Тренерот на Голден Арт, Никола Матлиески е задоволен од освоениот бод и вели дека неговата екипа одигра храбро, борбено и мотивирано.
„Алкалоид беше фаворит и пред мечот, а истото го мислам и сега откако заврши натпреварот. Но ние покажавме дека тоа беше само на хартија. Промашивме шанса за плус пет, на крајот губевме и минус три. Среќата ги прати храбрите, моите играчи покажаа храбра борбена и мотивирана игра. Имаме некои недостатоци, но сето тоа го надоместивме со борбеност и мотивираност“, вели Матлиески.
Гостите немаат широк ростер и се виде уморот кај носителите на играта во второто полувреме.
„Ширината на ростерот беше причина за падот во вториот дел, за разлика од Алкалоид, кој има поширок ростер и се врати во мечот со играчите од клупата, а не со првотимците. Репрезентативците од нивните редови ние ги запревме, иако се подготвеуваме за секој играч од ривалот и не потценуваме никој. Бодот е заслужен, и пред нашиот клуб има светла иднина. Ова не е натпревар за титула, мене поважни ми се дуелите со Куманово и Јуниор КВ, квалитетни екипи, но имаме време да се подготовиме и за нив. Нашата игра се базира на пет-шест играчи, кои се веќе на крајот со силите, но се надевам ќе успееме да славиме и на тие средби“, заврши Матлиески.
Следен предизвик за Голден Арт ќе биде натпреварот со Партизан Гевгелија во Купот на Македонија.
ДРАМА на дербито – Голден Арт со фантастичен финиш, се врати од минус три за реми со Алкалоид!
Савевски: Не сум задоволен од ремито, исто како да загубивме добиен натпревар
Од минус три до реми за 100 секунди – погледнете го трилер финишот и камбекот на Голден Арт (ВИДЕО)
Ѓорѓиев: Пресуди нашето неискуство, на реваншот ќе видиме кој е подобар тим
Битка без победник: Дуел со багаж-историја и суперлигашка еуфорија (ФОТОГАЛЕРИЈА)