Гајиќ: Одигравме натпревар со суперлигашки квалитет

Во дерби натпреварот против Алкалоид во рамките од Првата лига, екипата на Голден Арт успеа со камбек во последните две минути да обезбеди важен бод во борбата за првата позиција во Групата Б, 25-25.

Иако Голден Арт имаше солидно водство во првите 30. минути, сепак, Алкалоид со подобрата игра во вториот дел беше блиску до победа. Во самиот финиш, среќата беше на страната на гостинските ракометари кои практично имаа помала ротација за разлика од домашната екипа.

Капитенот на Голден Арт, Глигор Гајиќ смета дека денешниот натпревар со Алкалоид беше со суперлигашки квалитет.

„Имавме среќа на крајот. Покажавме многу голема борба на теренот, сите ракометари од нашата екипа се боревме машки. Можам да кажам дека овој натпревар беше со суперлигашки квалитет. Голема среќа за нас во финишот и се надеваме на подобро издание на реванш натпреварот“, изјави Гајиќ за 24 Ракомет.

Во првото полувреме предноста која беше изградена од страна на Голден Арт за само неколку минути игра во вториот дел беше загубена. Младиот Гајиќ смета дека промашените зицери играа голема улога во преземањето на водството од страна на Алкалоид.

„Промашените зицери беа клучни да ја загубиме разликата од првото полувреме. Промашувавме од шест, девет метри, имавме неколку неорганизирани напади, тоа беше клучно според мене. Противничката екипа подобро го отвори второто полувреме. Среќа е што имавме солидна предност од првото полувреме, па на крајот успеавме целосно да се вратиме. Ова беше дерби за првото место во нашата група, сепак ништо не се решава со овој натпревар. Имаме уште еден дуел со нив и се надевам дека на тој натпревар ќе се покажеме во подобро светло“, заврши Гајиќ за 24 Ракомет.

Екипата на Голден Арт во следниот период ќе се подготвува за натпреварот против Партизан Гевгелија во рамките од Купот на Македонија.

ДРАМА на дербито – Голден Арт со фантастичен финиш, се врати од минус три за реми со Алкалоид!

Матлиески: Среќата ги следи храбрите, Алкалоид беше фаворит само на хартија

Од минус три до реми за 100 секунди – погледнете го трилер финишот и камбекот на Голден Арт (ВИДЕО)

Савевски: Не сум задоволен од ремито, исто како да загубивме добиен натпревар

Ѓорѓиев: Пресуди нашето неискуство, на реваншот ќе видиме кој е подобар тим

Битка без победник: Дуел со багаж-историја и суперлигашка еуфорија (ФОТОГАЛЕРИЈА)