Од минус три до реми за 100 секунди – погледнете го трилер финишот и камбекот на Голден Арт (ВИДЕО)

Екипите на Алкалоид и Голден Арт го одиграа првото дерби во Првата лига, во неизвесен натпревар и драматична завршница натпреварот заврши без победник 25:25. Алкалоид беше поблиску до победата, на 100 секунди до крај домашниот тим имаше 25:22, а на минута до крај 25-23 и напад. Сепак Голден Арт не се предаде, играше пресинг во одбраната, постигна два брзи гола преку Миланов и Даев и успеа да извлече бод. Неизвесноста и камбекот во мечот на Голден Арт може да ги погледнете во следното видео.