Битка без победник: Дуел со багаж-историја и суперлигашка еуфорија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Алкалоид – Голден Арт

Прволигашкото дерби меѓу Алкалоид и Голден Арт заврши нерешено, 25-25, и двете екипи на крајот мораа да се задоволат со бод. Иако домаќините имаа плус три, 25-22, на две минути до крајот, сепак грешките во избрзаните напади беа кобни и Голден Арт казни во финишот за 25-25. Стрелец на голот за реми беше Даев, а последниот напад на Алкалоид заврши со одбрана на Даскалоски. Вториот двобој меѓу овие две екипи ќе биде следната година.