Ѓорѓиев: Пресуди нашето неискуство, на реваншот ќе видиме кој е подобар тим

Прволигашкото дерби меѓу Алкалоид и Голден Арт заврши без победник, 25-25, иако и двете екипи имаа свои моменти во натпреварот.

Бекот на домаќините и сениорски репрезентативец, Игор Ѓорѓиев, вели дека се исполниле неговите очекувања дека мечот ќе биде тежок.

„Како што кажав и пред мечот, знаевме дека ќе биде тешко. Имавме плус три во последните минута и пол, но пресуди нашето неискуство во финишот, мислам дека тоа беше клучот што ја испуштивме победата. Во првиот дел нивниот голман имаше доста одбрани, ние промашивме зицери, брзавме во нападот, додека во одбраната не можевме да се составиме. Во вториот дел направивме пресврт, поведовме, но повторно ќе кажам, пресуди нашето неискуство“, вели Ѓорѓиев.

Сепак ништо не е готово во борбата за првото место, а на двете екипи им претстои уште еден двобој во регуларниот дел, но бодовите ќе се пренесуваат во плеј-офот.

„Сигурно ќе биде тешко и на реваншот кај Голден Арт, но мотивите повторно нема да недостигаат ниту кај нив, ниту кај нас. Знаеме дека тие се квалитетна и искусна екипа, а како што тргна работава, за првото место веројатно ќе биде пресуден нашиот меѓусебен дуел. Ќе видиме тогаш кој е подобар“, заврши Ѓорѓиев.

Следен предизвик за Алкалоид ќе биде дуелот од Купот на Македонија против Радовиш в недела на домашен терен.

ДРАМА на дербито – Голден Арт со фантастичен финиш, се врати од минус три за реми со Алкалоид!

Матлиески: Среќата ги следи храбрите, Алкалоид беше фаворит само на хартија

Савевски: Не сум задоволен од ремито, исто како да загубивме добиен натпревар

Од минус три до реми за 100 секунди – погледнете го трилер финишот и камбекот на Голден Арт (ВИДЕО)

Гајиќ: Одигравме натпревар со суперлигашки квалитет

Битка без победник: Дуел со багаж-историја и суперлигашка еуфорија (ФОТОГАЛЕРИЈА)