Поради лошите резултати на домашна сцена, раководството на Шиофок мораше да му се заблагодари за услугите на Габор Дани и за преостанатиот дел од сезоната реши да го ангажира селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар.
Словенецот со унгарската екипа потпиша договор кој ќе важи до јуни, 2023 година. Поранешниот тренер на ЖРК Вардар веќе го имаше првиот тренинг со новата екипа, а со неговото ангажирање, Шиофок би требало да излезе од кризата и да се надева на подобар пласман до крајот на сезоната.
Брегар солидно ги познава унгарските екипи и квалитетите на секоја од нив бидејќи еден период од неговата кариера работеше како тренер во Вац, па така нема да има проблем во новиот клупски интернационален предизвик.
Минатиот месец, Брегар се повлече од тренерската функција во Крим поради лошиот старт во Лигата на шампионите. Во својата кариера беше селектор и на женската репрезентација на Словенија во периодот од шест години, а си замина во март годинава.