Во новата сезона во многу земји на сила се различни мерки заради коронавирусот во однос на бројот на гледачи во ракометните арени.
Диктирано од Ковид протоколите и во Лигата на шампиони можеме да видиме полни сали, но и минимално исполнети трибини каде што е ограничен бројот на фанови.
Сајтот handball-world.news направи анализа на посетеноста на натпреварите во Лигата на шампионите. Најпосетена екипа на домашен терен е Кил со 5.286 гледачи во просек по меч, следуваат Веспрем и Алборг.
Вардар е на седмата позиција со 2.537 гледачи просечно, а убедливо на последно место е Загреб со 391 гледачи во просек. Од 48 натпревари, на 30 победиле домашните екипи што покажува дека домашниот терен е се уште предност.