Тимот на Аеродром стигна до четвртата победа во Првата лига, откако на домашен терен без поголеми проблеми славеше над Македонија Ѓорче Петров со 32-24.
Избраниците на Дарко Петровски отворија со водство од 4-0, па беше и 6-1, а гостите во неколку наврати намалија на минус два, но немаа сили за комплетен камбек. На пауза се замина со предност на аеродромци со 13-10.
Во вториот набрзина домашните се одлепија на 18-13, па 20-14 и до крајот се беше само рутинско одработување на задачата, а шанса за настап добија играчите со помала минутажа кај двете екипи.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андреј Петрески со девет и Иван Митревски со пет погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров се истакна Максимилијан Ѓиноски со осум гола.
Аеродром сега има 13 бодови и се наоѓа на четвртото место на табелата зад Алкалоид, Голден Арт и Јуниор КВ.