Златната лига пред распад, Французите се повлекуваат од следната година

Машката сениорска репрезентација на Франција во Трондхајм ќе го одигра последниот турнир од Златната лига, па од следната година повеќе нема да биде дел од овие средби поради големиот број на натпревари во текот на годината.

Селекциите кои настапуваат во Златната лига играа по три силни натпревари во рамки на ЕХФ неделата и ова почнува да им пречи на триколорите кои сега бараат начин како да го намалат календарот.

Со повлекувањето од Златната недела ќе се намали бројот на меѓународни средби за репрезентацијата на Франција и тоа ќе им помогне на ракометарите да одморат пред важните средби.

„Во Златната лига редовно играме против репрезентации од самиот врв. Редовно се среќавме со нив на сите врвни турнир. Да се одиграат шест средби против една иста репрезентација во текот на годината е навистина премногу“, смета селекторот на Франција, Жил.

Покрај ова има и трета причина поради која Французите ја напуштаат Златната лига. Станува збор за Олимписките игри во Париз во 2024 година. Со цел да се биде што повеќе на домашен терен и да не се патува премногу одлуката е сите можни термини до Олимпијадата за собири да бидат во Франција.