Ракометарите на Младост ја забележаа петата победа во Првата лига после триумфот на домашен терен против екипата на Преспа со 22:20.
Само почетокот на дуелот им припадна на гостите, но поота до крајот доминираше еден тим. Преспа поведе 3:6 и тоа беше се што сторија, следуваше серија на Младост кој на полувреме замина со водство од 13:7.
Младост ја продолжи серијата и во второто полувреме за водство од десет разлика, 17:7 која беше повеќе од доволна за конечен триумф. До крајот на натпреварот дојде до опуштање кај Младост и гостите само го ублажија поразот.
Најефикасен со шест гола во тимот на Младост беше Саше Михајловиќ, пет постигна Ѓорѓе Ѓуриќ. Во составот на Преспа, Андреј Божиновски и Филип Георгиевски постигнаа по пет погодоци.