Две судиски двојки од Македонија следниот вторник ќе имаат работа во рамки на Лигата на Европа и тоа на дуелите од 1. коло од ова натпреварување.
Ова е одличен почеток на сезоната така што работа во вторник ќе има за двојките Митревски-Тодоровски и Металари-Николовски.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе судат интересна средба меѓу Горење и Магдебург. Овој дуел се игра во вторник од 18:45 часот во Велење. Делегат е Владимир Сокол од Хрватска.
Средбата што ќе се игра во Русија меѓу Чеховски медведи и Гог од Данска, пак, е задача за Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат на овој дуел ќе биде Јован Попадиќ од Србија.