Германската екипа Магдебург преку својата официјална страна го потврди доаѓањето на швајцарскиот голман, Никола Портнер во своите редови.
Швајцарецот моментално го носи дресот на Шамбери и ќе ја доигра оваа сезона во француското првенство. Од сезона 2022/2023, Портнер ќе се пресели во Магдебург.
Неговиот договор со Магдебург е на две сезони, па така искусниот голман од Швајцарија ќе биде прва опција на голманската позиција, односно замена за Јаник Грин, кој ќе се пресели во ПСЖ.
Никола Портнер го носеше дресот на Монпелје, Кадетен Шафхаузен и Берн. Во 2018 година со екипата на Монпелје ја освои Лигата на шампионите.