Тимот на Чаир ја оствари третата победа во третиот натпревар од новата сезона во Женската лига.
Избраничките на Басри Љатифи славеа на гостувањето кај составот на Шампион со убедливи 21-33.
Шампион водеше само на стартот со 1-0, потоа се беше во знакот на гостинките кои полека, но сигурно ја градеа предноста. Водеа со три гола на паузата, 10-13, но во вториот дел комплетно го надиграа ривалот.
Најдобри стрелци кај победникот беа Теодора Дукоска со шест и Бајра Бакиќ со пет гола, додека кај Шампион се истакна Анастасија Митова со пет погодоци.