Македонскиот интернационалец Дарио Петровски го имаше своето деби за шпанскиот тим Гвадалахара.
Гвадалахара тргна со триумф против Виља Де Аранда со 24-22 во првото коло од Дивизион Де Онор.
Екс младинскиот репрезентативец постигна еден погодок од двата обиди што ги имаше на овој натпревар.
Во второто коло, некогашниот член на Еурофарм Работник, Пелистер и Струга, со новиот тим ќе гостува кај Аменабар.