Валентина Радуловиќ се врати на терените, Шампион ја освои Битола

Тимот на Шампион по поразот oд Куманово во првото коло, ја забележа првата победа во Женската лига.

Избраничките на Слободан Чивлачки славеа на гостувањето кај новиот тим во лигата, Феникс од Битола со 25-23.

Скопјанки отворија со водство 1-5, а имаа и плус шест, 8-14. До крајот на полувремето домашниот тим ја намали негативата и беше 10-14.

Како одминуваше времето, така битолчанки се враќаа во игра, па во финишот беше 22-23, па 23-24.

Искусната Вале Радуловиќ се врати на ракометните терени на 46 години и беше реализатор на последните два гола за Шампион, со кој беа обезбедени трите бода од Битола.

Најдобар стрелец кај Шампион беше Димитриевска со осум гола, а Неделковска и Радуловиќ дадоа по пет. Кај Феникс се истакна Рујановска со девет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080