Кузмановски ја завери првата победа на Хановер

Екипата на Хановер каде што настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски во вториот натпревар од Бундес лигата во новата сезона стигна до првата победа, а на домашен терен го совладаа Бергишер со 28:20.

Филип Кузмановски во последните моменти од натпреварот ја потврди победата на неговиот тим, а тоа беше и единствениот негов погодок на овој дуел. Средниот бек имаше и една асистенција.

Тимот на Хановер уште по првиот дел имаше предност од четири погодоци, 13:9 која во продолжението без многу проблеми ја сочува и зголеми  за прв триумф во новата сезона од Бундес лигата.

Следниот натпревар Хановер и Кузмановски го имаат за една недела кога ќе им гостуваат на Вецлар и Филип Миркуловски.