Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.
За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ 28:24 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ 2014 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24:30 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ 2020 – ПРОЛЕТ 29:33 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ 30:27 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ОХРИД 19:21 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – РАДОВИШ 40:26 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО
ГОЛМАН: Зураб Цинзадзе (Прилеп) – Голманот на прилепчани имаше одличен натпревар против составот на Металург и беше еден од најзаслужните што бодовите на овој дуел останаа за домашните.
ЛЕВО КРИЛО: Хазеин Рустамов (Прилеп) – Имаше одличен ден во нападот каде што составот на Прилеп одработи квалитетно. Постигна седум гола со кои беше и најефикасен на средбата.
ЛЕВ БЕК: Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Кадетскиот репрезентативец на Македонија игра во добра форма на стартот на сезоната. Со седум погодоци го предводеше нападот на Еурофарм Пелистер 2 во победата над Бутел Скопје.
СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Придонесот за тимот на капитенот на Еурофарм Пелистер и понатаму е голем. Имаше четири гола, а останува одличен лидер на теренот.
ДЕСЕН БЕК: Ѓорѓе Голубовиќ (Пролет) – Засилувњето на Пролет на позицијата десен бек беше најефикасниот во тимот во победата против Скопје 2020.
ДЕСНО КРИЛО: Мице Шилегов (Охрид) – Левото беше еден од играчите кои го засилија Охрид и сега покажува дека е одлично засилување. Со седум гола беше најпрецизниот на гостувањето кај Струга.
ПИВОТ: Патрик Валчак (Вардар) – Дуелот против Радовиш не беше така силен за ракометарите на Вардар, а Валчак беше еден од оние кои успеаја да постигнат поголем број на погодоци.