Еурофарм Пелистер во вториот дел го скрши отпорот на жилавиот Тиквеш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во новата сезона од Суперлигата, откако славеше на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци со 24-30.

Гостинскиот голман Ивановски отвори со неколку одбрани во серија, па по почетните 2-2, битолчани се одлепија на плус три, 3-6. Двата брзи гола на крилото Темелкоски го вратија Тиквеш во игра и по петнаесетина минути беше 5-6.

По 6-7, избраниците на Жељко Бабиќ казнија неколку грешки на домашните, па беше 7-10, а потоа и 9-13. Кавадарчани малку стегнаа во одбраната и беа поагресивни па малку по малку на минута до крајот стигнаа до реми, 14-14.

За предност на Еурофарм Пелистер на пауза се погрижи Велковски со погодокот за 14-15. На стартот на вториот дел битолчани се одлепија на плус четири, највисоки што ги имаа во мечот, 15-19.

Кавадарчани не помислуваа да се предада. Трпчевски на два пати од пенал и Дрогришки со деби голот во новиот клуб намалија на 20-21 и внесоа неизвесност во последните петнаесетина минути.

Сепак таа не траеше многу, битолчани повторно отидоа на плус четири, 22-26, па до крајот лесно ја одржаа разликата против избраниците на Ристо Магдинчев за конечна победа со шест гола, 24-30.

15 септември 2021
24 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
15 септември 2021 20:30 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 15.09.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141424Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1530Победа

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
Стефан Трпчевскидесен бек14
1Марјан Велковголман00
2Марио Гичевцентрален бек10
4Марко Трајковскипивот01
9Стефан Дрогришкилев бек02
12Александар Стојаноскиголман00
13Борче Соколовцентрален бек11
19Дејан Гошевскидесен бек01
22Евгениј Темелкоскидесно крило04
24Дарко Кондевлево крило12
26Ристо Окардовпивот01
34Страхиња Симиќцентрален бек04
77Јане Јанчевцентрален бек14
 Вкупно 524

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Филип Ивановскиголман00
2Матео Марашдесен бек14
3Гоце Ојлескилево крило01
4Никола Маркоскипивот02
6Бојан Маџовскилево крило02
7Дејан Кукуловскилев бек00
8Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило06
9Стипе Мандалиниќлев бек05
10Томислав Кушанпивот02
12Мартон Секељголман00
18Јосип Периќцентрален бек04
19Ненад Костескидесно крило00
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек01
59Елмир Граџанпивот01
97Рение Табоадацентрален бек02
 Вкупно 130

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515