Скопје даде голем отпор, но Пролет ги собра бодовите

Ракометарите на Пролет ја остварија втората победа во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај новиот член на елитата, Скопје, со 29-33. Гостите го скршија отпорот на жилавиот ривал во вториот дел и се израдуваа на нови бодови по оние во Автокоманда.

Домашните отворија одлично. По 4-4 набрзина се одлепија на плус четири, 8-4 и најавија жестока битка за бодовите на овој дуел. Беше и 12-8, но искусниот тим на Пролет полека ја топеше негативата.

По 13-10, гостите стигнаа до 13-13, а за првпат во мечот поведе во последната минута од првото полувреме со голот на Пецаковски за 15-16. На пауза беше 16-17 за избраниците на Андон Бошковски.

Во вториот дел продолжи играта гол за гол до 22-22, а при 22-23, голманот на домашните Петковски одбрани и пенал. Сепак неговите соиграчи не реализираа во нападот, грешките беа казнети и Пролет беше на плус пет 26-31.

Момците на Симе Симовски се трудеа да ја намалат негативата, стигнаа до минус три преку Василевски, 28-31, но немаше време за нешто повеќе и Пролет се радуваше на победата, 29-33.

16 септември 2021
29 - 33
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 септември 2021 17:08 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 16.09.2021 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201629Пораз
ПРОЛЕТ1733Победа

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот15
4Марио Мишевскилево крило01
5Бојан Чакалиќцентрален бек01
9Александар Василевскилев бек19
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило00
19Велимир ГрујовскиСреден бек02
20Лука Благопетровдесно крило01
22Андреј Пешевскицентрален бек00
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек10
25Леонид Киселовскилев бек09
28Али Кобеисипивот10
30Далибор БлажевскиСреден бек00
77Симон Калајџиескилево крило21
 Вкупно 629

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот23
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек15
11Виктор Додевскидесно крило10
12Матеј Ивановскиголман00
13Мартин Димовдесно крило02
15Ласко Андоновскицентрален бек02
18Иван Џоновлев бек04
19Доне Мајновдесен бек01
21Филип Крстевски-00
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек07
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило04
99Андреј Петковскиголман00
99Жарко Пејовиќцентрален бек05
 Вкупно 433

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
КУРТОВИЌ ЦАНО