Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ ги подготвува момците за првото гостување во Лигата на шампионите сезонава, а во моментов има и мали турбуленции бидејќи не се знае што ќе се случува со составот.
Вујо одговори на прашањата а Гурбиндо, браќата Њокас, гостувањето кај Елверум. Секако во моментов најинтересно е дали Шпанецот останува или си оди.
„Во животот имам доживеано сè, a ова е една од најголемите глупости кои сум ги слушнал. Со Гурбиндо не сум имал ниту еден единствен лош збор. Не знам откаде таква приказна бидејќи си оди поради проблем со Вујо. Тоа може и самиот да го потврди. Е сега има понуда од клуб со повеќе пари и има желба да земе повеќе пари. Меѓутоа тоа е прашање за претседтелот на клубот“, коментираше Вујовиќ за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.