Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ денеска го имаше крајот на шестото издание во Прилеп.
Екипата на Тиквеш го освои турнирот, откако во финалниот натпревар триумфираше над Дубочица Лековац со 32-31, а избраниците на Ристо Магдинчев имаа плус пет на полувремето, 17-12.
За МВП на турнирот беше прогласен Јане Јанчев од Тиквеш, најдобар стрелец е Ивица Илиев од Голден Арт КЛ7 со 30 гола, додека најдобар голман е Зураб Цинцадзе од Прилеп.
Овие натпревари беа последните проверки за македонските суперлигаши кои следната недела на 9 септември ќе го имаат првото коло од елитната конкуренција.
View this post on Instagram