Екипата на Вардар со пласманот на Ф4 турнирот во Задар го комплетираше списокот на учесници на завршниот турнир, а таму место претходно имаа обезбедено Веспрем, Мотор Запорожје и противникот на „црвено-црните“, Мешков Брест.
Уште претходно беше познато кој ќе биде противникот на Вардар, а сега е јасно и дека овој двобој меѓу шампионите на Македонија и Белорусија ќе биде првиот на програмата в петок. Вардар против Мешков Брест ќе игра од 18 часот.
Во вториот термин од 20:30 часот ќе играат Веспрем против Мотор Запорожје, па ќе има интересна пресметка за пласман во финалето в недела од 19 часот.
- ФАЈНЛ-ФОР ТУРНИР ВО СЕХА
ЗАДАР (3-5 СЕПТЕМВРИ, 2022)
ПОЛУФИНАЛЕ (ПЕТОК, 3 СЕПТЕМВРИ)
18:00ч
МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР
20:30ч
ВЕСПРЕМ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (НЕДЕЛА, 5 СЕПТЕМВРИ)
16:30ч
НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО
19:00ч
ФИНАЛЕ