Костески има нов клуб, и во новата сезона ќе игра во Австрија

Десното крило од Македонија, Никола Костески ја продолжува својата интернационална кариера, а во новата сезона ќе биде дел од екипата на Холабрун од Австрија.

Тој во последните две сезони го носеше дресот на Линц, а сега се сели во друга екипа каде што ќе има друштво во уште еден Македонец исто така поранешен репрезентативец, Влатко Митков.

Со нив двајца десната страна на Холабрун ќе има на искуство и сигурно ќе имаат добра соработка, па тимот добива квалитет за атак на повисоките позиции.

Костески е од Струга, а во својата кариера го носеше дресот на Металург, Борец, Селка (Турција), Татран (Словачка) и Линц (Австрија).