Љубомир Савевски иако има функција координатор на женските репрезентации, сите веќе го именуваат како селектор, кој откако одлично си ја заврши работата со младите селекции, се прашуваме што може да стори за сениорките кои следната година ќе бидат домаќини на едно Европско првенство.
„Имав неколку разговори со дел од сениорките кои летово беа во Македонија. Сакав да ги видам нивните размислувања, дали се подготвени за новини и да видам каде е проблемот, затоа што сите со кои зборував велат: ’Ние играме сите во добри клубови во странство и кога ќе дојдеме тука како да не знаеме да играме’. Не можам да сфатам која е причината поради тоа. Доколку јас бидам селектор ќе има многу новини во составот и од кадетките и од младинките. Мој став е дека е потребна свежа крв. Исто така ќе поставам некои стандарди, кои мора да се исполнат доколку сакаат ракометарките да се најдат во составот. Тоа е неопходно за да имаме квалитетна селекција на ЕП. Ќе мора да минат тест за физичка издржливост, затоа што тоа ќе биде првиот услов што ќе го барам – исклучителна физичка подготвеност. Од нив барам да бидат физички подготвени, а ако нема резултати тогаш јас превземам одговорност. Да бидам искрен, не беа сите девојки од младите селекции среќни, оние кои не играа не беа задоволни, но им реков – не сме социјално друштво, ние бараме резултати и имаат простор од месец дена до следниот собир на него да се појават подготвени за да добијат простор за игра. Сметам дека може костурот и на сениорките да биде 60 посто домашен, а интернационалките да ни се приклучуваат. Се уште не го знам целосниот квалитет, но сите ќе добијат простор и време да ме убедат дека се подготвени и дека можат да помогнат. За кусо време А тимот ќе ги има првите тестови со Црна Гора и Словенија, па ќе видиме до каде ни е силата, а од таму и што ќе може да спроведеме од идеите кои ги имам.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Савевски…
ИНТЕРВЈУ ЉУБОМИР САВЕВСКИ: Успехот на кадетките е само „иницијална каписла“, тешкото допрва следи