Вечерва на отвореното игралиште „Камин Кама“ беше отворен првиот турнир „Ѓорче Петров Куп“.
Организаторот им додели признанија на Владимир Радиќ, човекот што целиот живот го посвети на женскиот ракомет и е дел од клубот долги години.
Покрај Радиќ, признанија добија Зоре Бајрактарова, која бише дел од првата генерација на ракометарки што играле за Ѓорче Петров, како и за Васил Толевски.
На турнирот играат домаќинот Ѓорче Петров, Деспина и Вардар, српските Бор и Јагодина, како и репрезентацијата на Чиле.
Турнир „Ѓорче Петров 2021“ – отворање