Освојувачот на Лигата на шампионите, Барселона и официјално ги започна подготовките за новата сезона. Тренерскиот тандем на каталонскиот клуб, Карлос Ортега и Томас Свенсон претходниот ден ја имаа првата средба со нивните избраници.
На првиот тренинг присутни беа и новите засилувања, Мелвин Ричардсон, Анхел Фернандез, Лео Масиел и Али Зеин.
Во првата фаза од подготовките, ракометарите на Барселона ќе тренираат на познатиот фудбалски стадион „Сиудад депортива“.
До 20 август ќе се одработуваат физички тренинзи, а потоа ќе следуваат пријателски натпревари и проверка на силите пред почетокот на новата сезона.
Ракометарите на Барселона во новата сезона ќе ги бранат трите освоени титули од Лигата на шампионите, Асобал купот и Асобал лигата.
View this post on Instagram