Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Полска (ЛИНК)

Репрезентативките на Македонија во кадетска конкуренција дојдоа до полуфинале на ЕХФ шампионатот, а денеска од 19 часот играат против Полска за влез во финалето.

Полска е квалитетна селекција и на девојките е да покажат дека имаат квалитет и сили да дојдат до место во финалето така што сега се на потег да го одиграат најдоброто на теренот.

Откако Исланд стана првиот финалист, сега е на Македонија да дојде до место во финалето за дуел против Исланѓанките утре така што ова ќе биде доста интересна средба против Полска. Натпреварот ќе го судат Исланѓаните Бјарки Боасон и Гунар Густафсон, додека делегати се Урмо Сици од Естонија и Јири Конечни од Чешка.

Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.

*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.