Најавите дека ќе бидат направени топки на кои нема да има потреба да се користат помагала во вид на „лепак“ носат на секој турнир во ракомет новитети, а се чини дека има сè повеќе противници во однос на ова прашање.
Ситуацијата е таква што селекторот на Норвешка, Хергеирсон се изјасни против ваквите топки бидејќи за него е незамисливо да се игра ракомет без притоа да се користи „лепак“.
„Целта на Интернационалната ракометна федерација и на д-р Хасан Мустафа е да се игра ракомет без ‘лепак’. Мислам тоа е исто како да верувате во Дедо мраз. Секоја година има нешто ново за користењето на ‘лепакот’ во ракометот. Се обидуваат да направат топки кои ќе можат да се користат без користење на помош за нивно контролирање, но сметам дека тоа е незамисливо за врвните играчи. ‘Лепакот’ е неопходен за да можете да имате целосна контрола и да ги изведувате и најтешките елементи“, вели селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон.
Пред натпреварот од полуфиналето против Русија селекцијата на Норвешка беше единствената која немаше пораз односно имаше максимален број на победи.