Светската ракометна федерација го објави рангирањето за ждрепката за Светското првенство кое во декември се одржува во Шпанија иако уште не се познати имињата на 12 учесници на Мундијалот.
Ждрепката е закажана за 12 август во Кастелон, а веќе е објавено и рангирањето. Изненадување е тоа што полуфиналистот на Олимписките игри во Токио, Шведска е во вториот шешир и ќе добие квалитетен противник во групата.
Меѓу носителите се најдоа пет селекции кои не играа во Токио, а станува збор за Хрватска, Данска и Германија. Четврт-финалистите Црна Гора и Унгарија се во вториот шешир така што ќе биде доста интересно.
Во 3. и 4. шешир има репрезентации кои допрва треба да си обезбедат место. Шампионатот на Северна Америка и Карибините е од 22 до 27 август во САД, а оттаму ќе има две места. Две места ќе има и за Јужна и Централна Америка откако од 4 до 10 октомври ќе се одиграат квалификациите во Чиле.
Квалификациите за СП во Азија се закажани од 12 до 25 септември и се играат во Јужна Кореја. Тука пласман ќе обезбедат вкупно шест селекции, а во овие квалификации ќе игра и Океанија.
Покрај тоа дополнително ќе бидат доделени и две валјд карти за некои од репрезентациите кои не обезбедија место на шампионатот, а ќе достават свое барање за да играат на шампионатот.
РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА
ШЕШИР 1: Русија, Холандија, Норвешка, Шпанија, Франција, Хрватска, Данска, Германија
ШЕШИР 2: Црна Гора, Унгарија, Шведска, Романија, Србија, Австрија, Азија 1, Азија 2
ШЕШИР 3: Ангола, Камерун, Чешка, Тунис, Јужна и Централна Америка 1, Јужна и Централна Америка 2, Северна Америка и Кариби 1, Азија 3
ШЕШИР 4: Словенија, Конго, Азија 4, Азија 5, Азија 6, Јужна и Централна Америка 2, Валјд карта 1, Валјд карта 2.