Екипата на Пролет во новта сезона ќе има засилуање за бековската линија, а станува збор за бекот Никола Цветаноцски кој после само неколку месеци во редовите на Струга си заминува.
Цветановски е млад ракометар кој игра добро и одбрана, а е добро познат за новиот тренер на Пролет, Андон Бошковски.
Двајцата соработуваа во тимот на КЛ 7. Во првиот дел од ланската сезона беа во овој состав, а потоа Бошковски продолжи во Радовиш, додека Цветаноски се пресели во Струга.
Сега соработката ќе ја обноват, а Цветаноски ќе биде добро освежување и за бековската линија и за одбраната на тимот на Пролет.