ЗАОКРУЖЕТЕ ГИ ДАТУМИТЕ: Промени во распоредот на Вардар во ЛШ, три пати по ред ќе играат дома!

Европската ракометна федерација го потврди распоредот за првите десет кола во Лигата на шампионите. Во споредба со првичниот распоред има две промени за натпреварите на македонскиот шампион Вардар.

Во првите две кола останува исто. Вардарци отвораат со Елверум, па ќе го пречекаат Мешков Брест.

Промените се однесуваат на двобоите со Алборг и Загреб. Двете средби со финалистот на ЛШ ќе се играат за три недели во септември и октомври, додека двете битки со хрватскиот тим се на програмата во 10 и 12 коло.

Тоа значи дека „црвено-црните“ три пати по ред ќе играат на домашен терен во 2, 3 и 4 коло, а три пати по ред ќе гостуваат – во 9,10 и 11 коло од ЛШ.

Лига на шампиони, распоред на натпревари:

1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар
2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест
3 коло, 29/30.09, Вардар – Алборг (Загреб – Вардар)
4 коло, 13/14.10, Вардар – Монпелје
5 коло, 20/21.10, Алборг – Вардар
6 коло, 27/28.10, Вардар – Кил
7 коло, 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар
8 коло, 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед
9 коло, 01/02.12, Кил – Вардар
10 коло, 08/09.12, Загреб – Вардар (Вардар – Алборг)
11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум