Репрезентативецот на Норвешка, Горан Јоханесен нема да може да им помогне на колегите на Олимписките игри во Токио откако заработи повреда на препоните и ќе мора да паузира извесно време.
Според официјалните информации тој мораше да ја напушти Јапонија и да се врати дома. На негово место доаѓа Симон Петерсен од тимот на Елверум.
„Сигурен сум дека ова ќе биде добар турнир. Петерсен ќе биде добра замена за Јоханесен бидејќи станува збор за играч кој го има најсилниот шут што некогаш го имам видено“, вели селекторот Кристијан Берге.
Норвешка на Олимписките игри е во група со Франција, Германија, Шпанија, Бразил и Аргентина. Во 1. коло на 24 јули ќе игра со Бразил.