Црногорците ослабени на мегдан против Македонија во Охрид (ФОТО)

Кадетската репрезентација на Црна Гора го стартуваше вториот дел од подготовките за ЕХФ шампионатот кој ќе се одржи во Летонија. Црногорците дел од своите подготовки ќе ги одработуваат и во Охрид.

Во првата фаза од подготовките, избраниците на Брано Божовиќ тренираа во Цетиње. Црногорскиот селектор за контролните натпревари против Македонија повика 18 играчи и се очекува секој од нив да добие шанса и доволно минутажа.

Поради обврските со своите клубови, во Македонија нема да допатуваат Арсеније Драгашевиќ и Радојица Чепиќ, кои играат за Целје, а од списокот отпаднаа и Лука Вукичевиќ и Богдан Мијушковиќ поради повреда.

ЕХФ шампионатот во Летонија ќе се одигра од 16 август и ќе трае до 22 август.  Противници на Црногорците во Летонија ќе бидат репрезентациите на Косово, Холандија и Турција.

Македонија ќе биде дел од ЕХФ шампионатот во Скопје, додека третото натпреварување од оваа категорија ќе се игра во бугарскиот град Варна.