Тиквеш имаше одличен плеј-аут и ЗАСЛУЖЕН опстанок. Се друго е трошење време и зборови.
Ракометниот суперлигаш од Кавадарци, Тиквеш во новата сезона ќе има нов тренер. Досегашниот, Горан Андоновски откако успешно ја заврши мисијата за која беше донесен ќе бара нов предизвик. Кавадарчани веќе работат на новиот тим, а следниот тренер ќе има уште потешка задача, да го задржи местото меѓу суперлигашите.
Одлуката за не продолжувањето на соработката со Андоновски дојде од медиумите, а клубот само ја потврди одлуката, не соопштувајќи кој ќе биде наследникот. Нема причини поради што се бара нов тренер, а за краток период кавадарчани менуваат неколку тренери покажувајќи дека се уште не се стабилизирани и го бараат патот за да може да опстојат меѓу најдобрите клубови.
Сега веќе поранешниот тренер Андоновски не сакаше многу да ја коментира одлуката на управата.
„Задачата што ја добив во Кавадарци ја завршив без поголем проблем. Тиквеш имаше одличен плеј-аут и ЗАСЛУЖЕН опстанок. Се друго е трошење време и зборови. Им пожелувам успешна сезона во оваа вистинска Супер лига во која ќе играат по повеќе од една деценија, изјави Андоновски.
Но, зад одлуката за смената на Андоновски не се кријат само спортски причини. Успехот е постигнат. Следниот тренер ќе има уште повеќе врели костени за вадење и цел која ќе биде уште потешко да се оствари.