Новиот тренер на екипата на Барселона, Антонио Карлос Ортега доби одлично засилување во стручниот штаб откако Томас Свенсон го напушти Магдебург и се пресели во тимот на Барса.
Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 53-годипниот свенсон работепе како тренер на голманите во Магдебург, но понудата од Барселона не се одбиваше и тој се врати во клубот каде што блескаше и како играч.
Не објавено колку точно ќе биде долг договорот на Свенсон со Барселона, но јасно е дека ќе биде за повеќе сезони. Тој сигурно ќе биде задолжен за формата на голманите на Барселона така што Антонио Карлос Ортега добива одлична поддршка.
Свенсон е одлично познато име во светот на ракометот. Тој како играч двапати беше светски првак со селекцијата на Шведска, а шестпати победуваше во Лигата на шампионите.