„Му покажавме на Нексе кој е главен во Хрватска“

Ракометарите на ППД Загреб уште еднаш ја потврдија доминацијата во Хрватска откако ја освоија и титулата во Купот совладувајќи го најголемиот конкурент Нексе со 26:21.

Најдобриот стрелец и капитен на Загреб, Давид Мандиќ кој од наредното лето се сели во Бундес лигата многу емотивно и еуфорично го доживеа триумфот во Купот над големиот ривал.

„Ги освоивме првенството и Купот, му покажавме на Нексе кој е главен во Хрватска. Се подготвувавме за овие прдизвици во последните четири месеци. Финалето не го одигравме на толку добро како што очекувавме, условите не беа најдобри беше многу спарно во салата, но го заслуживме овој трофеј. Стигнавме до двојната круна и мораме да бидеме задоволни. Одиме во наредната сезона да го повториме успехот и да направиме чекор напред во Лигата на шампионите“, изјави Мандиќ после освојувањето на трофејот.

Мандиќ уште една сезона ќе одигра во дресот на Загреб, а од летото во 2022 година ќе се пресели во Мелсунген.