Ракометарите на Вардар ја завршија сезоната во победнички стил, откако славеа во два меча над Металоплстика во СЕХА лигата.
Својот последен меч на вардаровата клупа го имаше и стратегот Стевче Алушовски, кој вели дека е задоволен од целата сезона.
„Последен натпревар, честитки за момците за играта и залагањето. Поради фактот дека е крај на сезоната повеќето играчи со главите веќе се на одмор, или во нови средини. Секако дека е тешко, но задоволен сум од текот на целата сезона. Остваривме три од четирите цели оваа сезона. Честитки на момците за залагањето и за тоа што го направија за Вардар. Шанса добија оние што не играат многу, но морав да ги вклучам поискусните за да спасуваме и да се враќаме од негатива“, изјави Алушовски.
Вардар под негово водство успеа да освои двојна круна во Македонија и да обезбеди место во четвртфиналето на СЕХА лигата.