Многумина вардарови ракометари се едногласни на ставот дека избрзана беше одлуката третиот Шпанец на клупата на Вардар, Давид Писонеро, да биде отстранет од тренерската позиција по само еден пораз.
Кружниот напаѓач Глеб Калараш дури вели дека со Писонеро тие можеле и да стигнат до нов Ф4 во Келн во Лигата на шампионите.
„Имавме одличен почеток на сезоната кога се вратив во Вардар и верувам дека и на Сергеј сега му е јасно каква грешка направи што го тргна Писо (Писонеро) од тренерската позиција. Игравме одлично и имавме само еден кикс со Кил, каде треба да бидеме искрени дека не нè победи екипата, нè победи Ландин, кој имаше фантастична вечер. За тоа не требаше Писонеро да настрада, за една грешка не се носи таква одлука… Потоа дојде Кокшаров, и Алушовски, а ние продолживме само да паѓаме. Ако останеше Писонеро верувам дека и покрај короната и сè друго што се случуваше сезоната дека имавме шанса да се најдеме на Ф4. Ќе бевме или први или втори на табелата, затоа што имавме победи со големите фаворити (Веспрем, Монпеље…) во нашата група и имавме шанси, но таа сезона заврши како што заврши поради коронавирусот.“
Разговорот со Глеб Калараш прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ГЛЕБ КАЛАРАШ: Заминувам од Вардар, заминувам од дома!