Хановер, екипата за која настапува Филип Кузмановски одигра многу интересен и неизвесен натпревар против екипата на Мелсунген во полуфиналето од Купот на Германија, но сепак на крајот загуби со 24:27.
Првото полувреме во поголемиот дел се играше израмнето, сепак во завршните пет минути Мелсунген одигра подобро и стигна до највисоките четири гола предност. На полувреме беше 14:10.
Хановер во продолжението ја стигна негативата и во 45. минута израмни на 20:20. До крај беше неизвесно но тимот на Кузмановски постојано бркаше негатива и не усепа да стигне до триумф и пласман во големото финале.
Филип Кузмановски имаше солиден настап на овој полуфинален дуел и натпреварот го заврши со три погодоци од три удари. Во финалето на купот ќе се сретнат Мелсунген и Лемго.
Претходно во првото полуфинале екипата на Лемго направи огромно изненадување, го елиминираше Кил и славеше победа од 29:28 со неверојатен пресврт откако на полувреме губеше со 11:18.