Единствен македонски претставник на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе биде Сара Ристовска.
Десното крило беше меѓу главните стрелци во тимот што имаше одлични партии во групната фаза, а потоа и против Крим и ЧСМ Букурешт.
Македонската репрезентативка имаше мала повреда и го пропушти вториот меч од финалето на рускиот плеј-оф против Ростов Дон, но ќе биде подготвена за натпреварите во „Ласло Пап Арена“.
Во првото полуфинале од 15:15 часот играат Ѓер и Брест Бретањ, додека од 18:00 часот е пресметката меѓу ЦСКА Москва и Вајперс Кристијансанд.