Екипата на Радовиш останува високопласирана во плеј-аутот од Супер машката лига, а новата победа овој пат против тимот на Јуниор Кисела вода од 30:23 покажа дека тимот ќе треба да остане во истиот ритам доколку се сака опстанок.
Радовишани беа во предност уште од почеток на натпреварот. Поведоа со 3:0 и овие три гола ги чуваа постојано, а во завршницата на првото полувреме беше обезбедена предност и до седум гола. На одмор се замина со 19:12.
Овие седум гола беа сосема доволни за да може да се остане во голема предност и да се дојде триумф. Играта одеше во вистински правец и немаше поголем проблем за да се обезбеди победата.
Тимот на Јуниор Кисела вода не успеа да парира и рано остана без шанси за бодови, па мораше да се помири со фактот дека на овој двобој ќе загуби. Домашните тоа го искористија на најдобар можен начин и на крајот обезбедија нов триумф така што останаа во групата на екипи кои конкурираат за опстанок во Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА