Русинката Лариса Кисељева пред да дојде во Македонија беше руска репрезентативка која освои бронзен медал на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, но откако стана играч на Кометал Ѓорче Петров таа зема македонски пасош и потоа играше за нашиот национален тим.
“По Олимпијадата во Барселона се случуваа некои промени во руската репрезентација, како на тренери, така и на играчи и најавив дека сакам пауза, малку да одморам и да се посветам на клупската кариера. Кога почнав да играм за Кометал, Трифун и Вања ме викнаа на состанок и ми кажаа дека ако сакам можам да земам македонско државјанство и да играм за Македонија. Не размислував многу и не се двоумев. Поради клубот ја засакав и Македонија, а во тој момент Кометал беше клуб-репрезентација. Таа хемија, атмосфера која ја имаше во екипата, се пренесуваше и во репрезентацијата и поради тоа сакав да играм за Македонија. И заедно градевме и клупски и репрезентативен успех. Игравме на ЕП, на СП, па дури бевме и на чекор до Олимпијада. Убав период е тоа, никогаш не зажалив за таа одлука!“
Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Кисељева.
ИНТЕРВЈУ ЛАРИСА КИСЕЉЕВА: Во Кометал Ѓ.П. бевме како едно и тоа нè направи шампиони!