Делиоска сама го победи Кузман Вардар – постигна 17 гола

Стружанка имаше лесен противник во 23. коло од Женската лига и без проблеми ги освои бодовите во Скопје откако забележа убедлива победа против Кузман Вардар со 40:18.

Екипата на Стружанка немаше големи проблеми и во текот на целиот натпревар беше во водство. Отпорот на домаќинките траеше десетина минути, а потоа екипата од Струга беше надмоќна и успеа да ги запише новите бодови. На полувреме, Стружанка имаше предност од плус 15 разлика, 24:9.

Ништо не се смени во второто полувреме. Младите ракометарки на Кузман Вардар се обидуваа да го поправат лошиот впечаток од првиот дел и на моменти тоа им успеваше, но, сепак, разликата беше преголема во квалитетот помеѓу двете екипи.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Стружанка, Магдалена Делиоска која постигна скоро идентичен број на голови колку што даде целиот противнички тим. Делиоска натпреварот го заврши со 17 гола зад своето име. Во младата екипа на Кузман Вардар, Сандра Јовевска беше најефикасна со пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080