Поразот на Вардар во Битола значи дека нема да може порано да ја прослави титулата и ќе мора до крај да се бори за трофејот. Вардарци имаат подобар меѓусебен дуел (на првиот дуел победија со 35:27), но ќе мора да се одработи на ниво на последните четири дуели. Секој бод е важен и оној што ќе киксира тој ќе се најде во полоша ситуација.
Еурофарм Пелистер одигра одлична средба против Вардар во која успеа да стигне до победа од 29:25 и го направи првенството интересно до крајот. Вардарци се со предност во меѓусебниот дуел, но до крајот на сезоната сега мора да се добие секој натпревар.
Од почетокот на средбата екипата на Еурофарм Пелистер имаше водство кое беше од гол до два. Се играше мирно од двете страни, а вардарци повеќе делуваа тактички на теренот и не форсираа. Имаа резултат кој им одговара така што составот од Битола беше тој кој беше во водство.
Највисоката предност која ја имаа домашните беше три гола и тоа само при 10:7, на што следуваше брз одговор од вардарци. Голманите на Еурофарм Пелистер беа порасположени и тоа овозможуваше да се има водство.
Сепак, и во таква игра тимот на Вардар успеа да намали, а на полувреме резултатот беше 13:12 за екипата на Еурофарм Пелистер.
Второто полувреме имаше интересен почеток. Тимот на Вардар брзо дојде до водство. Со два гола направи 14:13, а потоа следуваше подобра игра во која се обезбеди плус три. Во 38. минута со голот на Чупиќ, Вардар стигна до 18:15.
Тука следуваше неколку минути игра во која Вардар имаше контрола, а потоа следуваше најлошиот период од играта за вардарци. Се редеа грешки, шутеви надвор од голот или шутеви кои завршуваа со одбрана на Хендави. Тоа беше причина за повеќе од десет минути да нема гол. Во овој период Еурофарм Пелистер стигна до голем пресврт. Стигна до плус пет, поведе со 26:21 така што почна да се најавува сензација.
До крајот на средбата вардарци успеаја да исконтролираат и да намалат. Останаа во плус во меѓусебниот дуел со Еурофарм Пелистер, но до крајот на сезоната ќе биде интересно бидејќи никој не смее да си дозволи кикс.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА