МВП НА 9. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – ИГОР МРШУЉА (ЈУНИОР КВ)

Средниот бек на Јуниор КВ, Игор Мршуља, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 9. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Игор Мршуља беше меѓу најдобрите поединци, во значајната победа над големиот ривал за опстанок КЛ7.

Српскиот плејмејкер бек континуирано има добри партии во дресот на Јуниор КВ, а на КЛ7 му даде дури 18 погодоци, a одигра одлично и во одбраната.

Тој освои 44% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Павле Атанасијевиќ, кој освои 31% од гласовите.